Радио Кочани
Кочани

ЧЕТИРИТЕ ОПШТИНИ ОД РЕГИОНОТ ЌЕ БИДАТ ВКЛУЧЕНИ ВО НАЈМАСОВНАТА АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ ОТПАД – „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2025“

369

Општините Кочани, Виница, Чешиново-Облешево и Зрновци и оваа годинава ќе бидат дел од големата национална еко-акција „Генералка викенд“ за собирање и селектирање на отпадот од јавните површини.
Акцијата ќе се одржи во периодот од деветти до единаесети мај.
Во Кочани ќе се чисти кај Градскиот панаѓур, Споменик на слободата, околу зграда „АСНОМ“ и во Гоцева Шума.
Во акцијата ќе бидат вклучени основни и средни училишта од Кочани, како и неколку локални здруженија на граѓани и спортски клубови.
Инаку, „Генералка викенд“ е пролетна акција за чистење и селектирање отпад, што се реализира заедно со ЕВН, „Пакомак“, „Нула отпад“, „Пивара“ – Скопје, Црвен крст и други помагатели.
Иницијативата почна да се ипмлементира во 2021 година, а ќе се релизира до 2031 година.

Целта на активноста е да се подигне јавната свест за неопходноста, отпадот да се собира и рециклира, со што ќе се зачува животната средина.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio