Радио Кочани
Кочани

Кочанчанецот Даријан Павлев со сребрен медал на меѓународниот турнир „Ахилеа“ во Грција

311

Младиот македонски борач Даријан Павлев настапи со репрезентацијата на Македонија на силниот меѓународен турнир „Ахилеа“ за категоријата У-15, кој се одржа во Лариса, Република Грција.

Павлев го освои второто место во својата категорија, при што оствари импресивен настап со четири борби – три победи и еден пораз. Тој убедливо ги совлада своите противници од Албанија (10-0), Грција (13-0) и Молдавија (6-0), додека единствениот пораз го доживеа од друг грчки натпреварувач со резултат 10-0.

Ова беше добро искуство за мене и верувам дека сум на добар пат за претстојните Европски првенства за У-15 и У-17, како и за Балканското првенство. Но, не застанувам тука – морам да продолжам со напорна работа за да ги постигнам посакуваните резултати“, изјави Павлев по турнирот.

Македонската репрезентација постигна одличен екипен успех, освојувајќи го првото место во конкуренција на борачи од осум држави – Македонија, Грција, Албанија, Косово, Молдавија, Израел, Казахстан и Бугарија.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio