Радио Кочани
Кочани

МЗШВ: Исплатени се 49.658.739,00 денари кон 761 оризопроизводител

321

Исплатени се 49.658.739,00 денари кон 761 корисник.

Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства кои имаат поднесено барање по подмерка 1.1. „Директни плаќања по обработливa земјоделска површина за сите поледелски култури, лековити, ароматични и зачински растенија“ од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година, кои имаат засеани и ожнеани површини со ориз и оствареното производство го имаат предадено на регистрирани откупувачи и/или преработувачи во период од 1 октомври 2024 година до 28 февруари 2025 година, кои се запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи.

Максималната количина на оризова арпа која е прифатлива за финансиската поддршка е 8.000 килограми по пријавен хектар со оризова арпа по подмерка 1.1. од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е вистински партнер на оризопроизводителите!, соопшти МЗШВ.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio