Радио Кочани
Кочани

Од срце: Благодарност до ВМА и српскиот народ од македонските родители

2,051

Во знак на длабока благодарност, родителите и децата од Македонија кои се наоѓаат на лекување во Воено-медицинската академија (ВМА) во Белград, симболично подарија скромен подарок – благодарница – со која им се заблагодарија на медицинскиот персонал за сè што несебично направија за нив.

Како што истакнуваат родителите, персоналот на ВМА не само што ги лекува нивните деца, туку и ја враќа насмевката на нивните лица, давајќи им сила, надеж и поддршка во најтешките моменти. Посветеноста, професионалноста и човечноста на вработените во оваа установа оставиле длабока трага кај семејствата од Македонија.

Тие упатија искрена благодарност до секој лекар, медицинска сестра и член на персоналот на ВМА, како и до градот Белград и цела Србија за гостопримството и поддршката што им е пружена.

Овој гест претставува силен симбол на благодарност и поврзаност помеѓу луѓето, покажувајќи дека хуманоста и грижата немаат граници.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio