Радио Кочани
Кочани

Обвинителството се сретна со семејствата на жртвите од „Пулс“: Истрагата е во напредна фаза, јавноста повикана да помогне

942

Јавниот обвинител и тимот што ја води истрагата за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска се сретнаа со семејствата на загинатите, при што ги информираа за текот на постапката и одговараа на нивни прашања.

Обвинителството соопшти дека истрагата е сеопфатна и се разгледуваат сите можни аспекти на одговорност. Следна фаза ќе бидат распити на оштетените, а се очекуваат и резултати од низа вештачења во наредните денови. Ангажирани се истражители и стручњаци од различни области.

Истовремено, до граѓаните е упатен јавен повик за споделување на лични сведоштва и докази поврзани со клубот и вклучените институции, преку формулар достапен на веб-страницата на Обвинителството.

Семејствата денеска протестираа пред Обвинителството во Скопје, барајќи одговорност, оставки и формирање експертска влада. Остварија средби со пратеници од Левица, СДСМ и со лидерот на опозицијата, Венко Филипче, а се упатија и кон МВР, каде се очекува средба со министерот Панче Тошковски.

Во пожарот на 16 март загинаа 62 лица. Досега се осомничени 68 физички и три правни лица. Дискотеката „Пулс“ работела без лиценца и со сериозни пропусти во безбедноста. Пожарот бил предизвикан од пиротехнички ефекти за време на концерт на групата „ДНК“.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio