Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
AМФЕНОЛ ВРАБОТУВА – Административен работник
Моментално имаме потреба од 1 (едно) ново вработено лице за работно место:
Административен работник – Поддршка на купувач – ПЕ ТЕЛ АД
Одговорности и задачи:
- Примање на нарачки од купувач и внесување во систем
- Управување со нарачките од момент на внесување на нарачката во систем до нејзината испорака.
- Контрола на издавање на налог за нарачка на материјали откако е активиран во MRP системот
- Изработка на дневен извештај за залихи и недостиг на материјали и постојана комуникација со тимот за набавки
- Координација со целокупниот тим на логистика за решавање на проблеми со недостатоци на материјали и суровини кои може да влијаат на претходно одобрени датуми на испорака кон купувачи / клиенти
- Следење и управување со промени направени од страна на инженерскиот тим и нивна имплементација
Потребни квалификации:
- Образование : високо образование, предност – Економски факултет/Бизнис администрација
- Работно искуство : особено во производствена фирма од соодветната област или дискуство со диретка комуникација со клиенти / купувачи
- Знаења и вештини : солидно познавање на работа со компјутери MS Office, познавање на законска регулатива и документација во врска со увозни и извозни формалности, работа во MRP систем
- Способности: комуникациски способности, способност за тимска работа, способност за работа под притисок и со кратки рокови;
- Напредно познавање на Англиски јазик
Вашите апликации ги очекуваме најдоцна до 09.05.2025 година по електронски пат на следнава адреса: [email protected] или директно во канцеларијата на оддел за човечки ресурси.
Задолжително ставете назнака:
Административен работник – Поддршка на купувач – во ПЕ ТЕЛ АД
Напомена:
- Ќе бидат контактирани само лицата кои ќе влезат во потесен избор.
- Апликациите без назнака за кое работно место се однесуваат нема да се земат во предвид.
