Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Уплатена донацијата од Але Дар на сметката на Црвен крст
На двете хуманитарни работилници насловени „Сите за Кочани“ одржани по иницијатива на оштестевено одговорната компанија Але Дар Премиум Хотел и Ресторан, како и Premium GYM & Fitnes, беа собрани вкупно 40 300 денари.
Сите средства се уплатени на сметката на Црвен крст на Македонија, како помош за настраданите од пожарот во Кочани.
Кутиите за донации остануваат и понатаму на своите места, така што и дополнително собраните средства ќе бидат уплатени на жиро сметката на Црвен крст за истата намена.

