Радио Кочани
Кочани

Центарот за култура „Бели мугри“ ја реализираше првата хуманитарно-продажна изложба…

324

Центарот за култура „Бели мугри“ вечерва беше домаќин и организатор на хуманитарно-продажната изложба на донираните ликовни и книжевни дела, за подршка на настраданите во трагичниот настан што се случи на 16 март во дискотеката „Пулс“.

На настанот беа претставени повеќе од 100 уметнички и над 300 книжевни во повеќе галериски простории при кочанската културна установа.

За поздравување е и најмлад автор и донатор Адонис Силов кој донираше уметнички слики.

Македонски моден дизајнер, Златко Јовановски донираше фустан, а неговат вредност се проценува околу 2 илјади евра.

Средствата од секое продадено донирано дело од културните дејци е директна подршка на нашите настрадани сограѓани.

Изложбата ќе биде поставена во наредните 14 дена.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio