Радио Кочани
Кочани

Манастир „Добра вода“ Оризари: Света Литургија и црковно народен собир на Источен петок – Балаклија

923

Со Света Литургија и со голем собир и годинава се планира да биде одбележан празникот Источен петок Балаклија на манастирот Добра вода во Оризари.

Првиот петок по Велигден секоја година во овој манастир се собираат голем број верници и се организира голем црковен собир.

Со манастирски ручек ќе биде одбележан и овој празник посветен на Мајката Божја.

Домаќините на манастирот ги прават последните подготовки околу славата.

-Во петок се организира собир на манастирот и сакам да ги поканам сите верници да присуствуваат. Поради трагедијата со младите годинава нема да се слави, туку само ќе оддадеме почит на Мајката Божја и ќе се служи Света Литургија, рече Перo Стаменков, домаќин на манастирот.

Инаку, освен на овој ден, на манастирот Добра вода кај Оризари слава има и на втор ден Божиќ кога и на тој ден се собираат голем број верници.

Приоритет во манастирот е да се направи кујна но и конаци кои што ќе бидат место каде што верниците од други градови ќе можат да преспијат во манастирот.

Со празникот посветен на Пресвета Богородица и се оддава признание на Мајката Божја, по што манастирот го носи нејзиното име.

Се верува дека водата во овој манастир е лековита.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio