Радио Кочани
Кочани

ЦК „Бели мугри“ – Вечерва во 19 часот хуманитарно-продажна изложба на донирани ликовни и книжевни дела

273
Вечерва во 19 часот во малата сала на Центарот за култура „ Бели мугри “ ќе биде отворена хуманитарно -продажната изложба на донираните ликовни и книжевни дела, за подршка на настраданите во трагичниот настан што се случи на 16 март во дискотеката „Пулс“.

Повеќе од 100 уметнички и над 300 книжевни дела ќе бидат изложени во повеќе галериски простории во НУ ЦК „ Бели мугри“.
Средствата од секое продадено донирано дело од културните дејци е директна подршка на нашите настрадани сограѓани.
Изложбата ќе биде поставена во наредните 14 дена.
Со почит,
НУ ЦК „ Бели мугри“ Кочани
© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio