Радио Кочани
Кочани

Кој е крив за Правниот факултет во Кочани – Има ли виновници?

2,731

Просториите на некогашниот Правен факултет во Кочани, кој не така одамна функционираше со сиот свој сјај во Спомен домот АСНОМ во Кочани, денеска личат на хорор филм.

Дали негрижата, или љубопитноста на соседите кои немаат друга работа и буквално секој ден се обидуваат да отворат нечија врата, е причина за состојбата што ја регистрираше нашата камера?

Ги интересира се што е од метал. Метални огради околу АСНОМ, алуминиумските радијатори, каблите за електрична енергија, цефките за водовод, водомерите

, ПВЦ прозорците и врати и се друго што вреди макар еден денар, а продаваат десет пати поефтино.

Понекогаш и без било каква корист и цел подготвени се да направат чиста штета, да искршат стакла или да срушат фасада.

За нив важи девизата – џабе работи, џабе не седи!

Надлежните и полицијата доаѓаат на повик откако штетата веќе е направена, засега ништо не се превзема превентивно.

Во просториите на Правниот факултет влеговме преку разбиентите прозорци и врати кога забележавме дека чиста вода за пиење немилосрдно тече и го полни објектот.

Веднаш побаравме интервенција од вработените во КЈП „Водовод“, кои пристигнаа за 10 минути.

Заедно се упативме кон некогашниот Правен факултет и имаше што да видиме, тоа што вие го гледате во моментов.

Друг коментар не е потребен. Остануваат само безброј прашања: Најмногу од нас како Радио Кочани и од музичкото училиште, државна и приватна институција кои сеуште се борат да функционираат во вакви услови.

© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio