Радио Кочани
Кочани

Денеска е свето Благовештение, кога ангелот ја соопшти радосната вест на Богородица

357

Денеска е свето Благовештение, или меѓу народот попознато како Благовец.

На денешен ден, ангелот Гавриил се јави на Пресвета Дева во архангелска светлина и рече: „Радувај се, благодатна! Господ е со Тебе!“ Со оваа архангелска благовест и со слегувањето на Светиот Дух врз Пречистата Дева, започна спасението на луѓето и обновата на созданието. А историјата на Новиот Завет значи радост за човештвото и за сета твар.

Денес е почеток на нашето спасение и откривање на вечната тајна: Синот Божји станува Син на Дева, и Гаврил објавува блага вест. Затоа и ние да извикаме кон Богордица: Радувај се, Благодатна, Господ е со Тебе!

© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio