Радио Кочани
Кочани

Кочани дел од проектот „Хабитат Македонија“ за енергетско-ефикасни фасади

1,133

Околу 200 згради ќе добијат енергетско-ефикасни фасади преку проектот на „Хабитат Македонија“ со пари од Европската унија.

Проектот е предвиден да се реализира во општините Кочани, Карпош и Куманово.

Предвидено е да да се мапираат згради  и куќи кои имаа стари фасади, потоа да се реконструираат и со тоа домаќинствата да имаат заштеда на електрична енергија.

Секоја Општина има различни расположливост на средства со кои може да учествиваат во проектот. Како и во минатото проектот ќе се спроведува со учество на Општините, а граѓаните ќе можат да добијат поволни бескаматни кредити, истакнаа од „Хабитат Македонија“.

 

Инаку, според податоците на „Хабитат“ околу 70% од зградите во земјава се енергетски неефикасни.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio