Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Во Центарот за култура „Бели мугри“ денеска и утре, се реализира 23. издание на Новогодишниот концерт на ОМУ „Ристо Јуруков“, насловен како „Музичка работилница на Дедо Мраз“.
На концертот настапуваат околу 180 дечиња, а тој по неколку годишна пауза поради реновирањето на големата сала и Ковид пандемијата се одржуваше на отворео во Паркот на Револуцијата.
Директорката Марија Лазарова истакна дека учениците ги изведуваат најпознатите новогодишни и божикни песни.
Новогодишниот концерт и годинава е под покровителство на Општина Кочани, а генерален спонзор е компанијата „ИНТ Груп“.