Радио Кочани
Кочани

Работен состанок на градоначалникот Папазов со заменик-министерот Неждет Мустафа и претставници на ЕВН КЕЦ – Кочани

167

Градоначалникот на Општина  Кочани Љупчо Папазов одржа работен состанок со заменик-министерот за односи меѓу заедниците Неждет Мустафа и со директорот на ЕВН КЕЦ – Кочани Стојан Марков, на кој се разговараше за олеснителните можности за приклучок и исплата на електричната енергија на локации во Кочани каде што е констатирано неопходно подобрување на квалитетот на услугите за користење електрична енергија, особено во однос на стабилноста, квалитетот и сигурноста во дистрибуцијата.

Претставниците на ЕВН – Кочани информираа за моменталната состојба и фазата на реализација на планот за развој на електричниот дистрибуциски систем за КЕЦ Кочани, согласно развојниот план за периодот 2021  2025.

Во присуство на членот на Советот на Општина Кочани Аки Акиов и на претседателот на УЗ 4  Бејсим Шакиров се презентираа предлози за изнаоѓање решенија за подобрување на електричното напојување на краткорочен и долгорочен план на неколку улици во Кочани.

Работниот состанок е во рамките на постапувањето на Општина Кочани по донесена одлука од Советот за финансиска поддршка на семејствата во социјален ризик во Старата касарана.

© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе