Радио Кочани
Кочани

Бурна дискусија помеѓу градоначалникот, советниците, надлежните од КЈП „Водовод“ и граѓаните….

1,620

Протестот по крстосницата кај двојниот мост во Кочани, продолжи кон  зградата на Општина Кочани, каде граѓаните го истакнаа незадоволството од насилното депонирање на отпад од другите општини на Градската депонија во Кочани.

Потоа, тие со градоначалникот Папазов се сретнаа пред Мултикултурниот центар, каде дебатираа за состојбата со депонијата.

По дискусијата, се одржа и 56 седница на Советот на Општина Кочани, каде советникот Венко Крстевски ги прозава директорката на КЈП „Водовод“ и градоначалникот Папaзов да се произнесат за состојбата на депонијата.

Исто така, Крстевски побара да се почитува одлуката за забрана на депониирање отпад од другите општини.

Заклучок на Крстевски, доби едногласна поддршка од советниците и тој беше усвоен со 19 гласа „За“.

 

 

© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне