Радио Кочани
Кочани

Дедо Мраз од Теранци со пајтон ги израдува жителите на Чешиново-Облешево и Кочани

3,355

Необичен хуман гест од Христијан Ристов, сопственик на „Техно кул К – Лара“ од Теранци, денес заедно со неговите вработени и соселани поделија повеќе од 700 новогодишни пакетчиња и ги израдуваа дечињата од градинките и училиштата во општина Чешиново-Облешево.

Исто така, со пакетчиња им посака среќна Нова година и на вработените во општинската зграда заедно со градоначалникот овој весел Дедо Мраз со пајтонот кој е сопственост на Љупчо Цветанов (Мамли) од Теранци и коњот кој е сопственост на Никола и Јован од селото Кучичино дојде во Кочани и заедно со новогодишната елка во трговскиот центар ги израдува минувачите со симболични подароци и фотографии и им посака уште посреќна и побериќетна 2025 година со мир, човекољубие и благосостојба.

-Наша новогодишна желба би била да се појават повеке вакви дедо меазовци како чичо Кици кои ке не развеселуваат преку цела година со добри дела и споделување човечност. И пекара „Штипски сокак“ помогна за реализирање на идеата со украсување на кочиата и донирање на колачиња  се вели во соопштението испратено до нашата редакција.

Караванот со Дедо Мраз планира да продолжи и во Виница и околните села.

© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio