Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Времен режим за сообраќај на патниот премин на железничката пруга кај Подлог
Од понеделник, 16 декември 2024 год. започнуваат градежните работи за проширување на патниот премин на железничката пруга кај Подлог. Горниот строј на пругата Велес – Кочани, на патниот премин „Подлог“ ќе се рехабилитира и ќе се прошири со цел да се олесни минувањето на возилата, да се зголеми безбедноста и да се забрза протокот на сообраќајот.
Општина Кочани во следните десет дена повикува на доследно почитување на утврдениот режим на сообраќај и користење на другите пристапи.