Радио Кочани
Кочани

За 284% зголемен износот за програмите за земјоделство и рурален развој

207

Новиот државен буџет за 2025 година ќе донесе енергија и напредок во сите сектори на општеството, но особено за столбот на нашата економија – земјоделството каде што поддршката ќе биде историска. За првпат, буџетот за земјоделство се зголемува за 13%, а издвоените средства за програмата за земјоделство и рурален развој се зголемени за неверојатни 284%! Дополнително, капиталните инвестиции се зголемуваат за 102%, изјави Малиша Станковиќ, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија”, говорејќи за предлог буџетот за 2025 година.

– Ова не се само бројки. Ова е цврст доказ за посветеноста и партнерството на коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, со земјоделецот. Ние знаеме дека овие луѓе се движечка сила на нашата земја, дека нивната работа е основа за развојот на руралните средини и за целокупната државна економија.

Преку поддршка за модернизација и вложување во современи технологии, механизација, подобри услови за производство и пласман, ќе покажеме дека земјоделството е во нашиот фокус – рече тој.

Станковиќ смета дека предлог буџетот за 2025 е силен индикатор дека Владата е подготвена да стои цврсто зад секој земјоделец, со навремено исплаќање на субвенциите и сите програми за поддршка.

– Индикатор за партнерство со земјоделците, за заедничка работа, за да бидат слушнати и разбрани. Верувам дека новиот буџет и идната соработка ќе донесе подобар живот за секој еден во руралните средини, повисоки приходи за секое семејство и посигурна иднина за сите – рече тој.

Станковиќ додаде дека новиот државен буџет за 2025 година ќе донесе енергија и напредок во сите сектори на општеството, но особено за столбот на нашата економија – земјоделството.

 

© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе