Радио Кочани
Кочани

Наводнителниот канал од источниот влез во градот Кочани е отворен без заштитна ограда и претставува опасност по живот ‼️

778

Жителите на улицата „Марко Цепенков“ во Кочани, долги години се соочуваат со проблемот – неограден канал, при што стравуваат за безбедноста на своите деца и внуци дека може да пропадната во истиот.

Јордан Иванов за Радио Кочани вели дека реагирал многу пати кај сите надлежни институции, но од никого, до сега соодветна реакција немало.

Иванов упати апел до надлежните во најскоро време да излезат на терен и да ја решат настанатата ситуација со огллед на фактот дека минатите години неколку лица го имаат загубено животот, давејќи се во каналот.

Тој додаде, ако локалните власти не преземаат чекори за решавање  на проблемот, очекува поддршка од државните институции.

© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе