Радио Кочани
Кочани

Спроведена втората фаза од дератизацијата во Кочани и населените места

49

Согласно Програмата  за спроведување општи мерки  за заштита на населението  од заразни болести на подрачјето на Општина Кочани за 2024 година и врз основа на договорот кој Општина Кочани го склучи со носителот на набавката „Лиса ком МС“, од Кавадарци, во петокот, на 8 ноември е спроведена втората фаза од општата дератизација во Кочани.

Во координација со Општина Кочани и со поддршка од технички  персонал  од   КЈП „Водовод“, со дератизација се опфатени Градската депонија и канализациските системи во Кочани, како и селата Мојанци, Горни и Долни Подлог, Грдовци, Тркање, Прибачево и Оризари.

Во втората фаза од дератизацијата се употребени 250 кг кумарински препарат во облик на парафински блокови кумарински мамки.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе