Радио Кочани
Кочани

Старите возачки дозволи важат до крајот на оваа година, потсетуваат од Министерството за внатрешни работи

64

Министертвото за внатрешни работи ги потсетува сите граѓани кои ги немаат сменето  возачките дозволи со уставното име, тоа да го сторат до крајот на оваа календарска година.

Прекршочен платен налог и парична казна во износ од 100 евра, ќе добие возачот кој при барање на полициски службеник, нема да приложи важечка возачка дозвола, предвидува Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата.

Возачките дозволи со старото име на државата „Република Македонија“, нема да важат после 31 декември годинава.

Од министерството посочија дека шалтерите на управните служби функционираат во полн капацитет и можат да ги услужат граѓаните да ги заменат своите возачки дозволи во редовниот рок без никакво доцнење и гужви.

Инаку, за закажување термин за издавање на личните документи, граѓаните треба да закажат на телефонскиот број 072 92 92 92 или фиксниот 0800 192 92, како и на веб страницата на министертвото во делот МВР – електронско закажување.

© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе