Радио Кочани
Кочани

В петок е Митровден – Денот што предвидува каква ќе биде зимата

557

В петок, осми ноември, православните христијани го чесатвуваат празникот посветен на светиот великомаченик Свети Димитриј.

Денот се слави на целиот Балкански полуостров, а традиционално, Митровден го означува почетокот на студеното време, односно зимата.

Народниот обичај наложувал да се остане дома. Се верувало дека оној кој што дента нема да биде дома, цела година ќе биде надвор од него и ќе преспива по туѓи домови.

Постоело и верување дека ноќта пред Митровден мора да бидат завршени сите големи работи, посебно на поле и останати обврски кои се извршуваат надвор.

Ако денот бил сончев, наводно зимата ќе биде блага, со мал број ладни денови. Ако на Митровден паднело снег, се верува дека ќе се задржи се до април.

© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе