Радио Кочани
Кочани

Денес и утре хуманитарна акција “Нахрани 10.000“ во Кочани

248

Денес и утре се одржува голем хуманитарен настан за собирање на храна на 11 локации низ 7 града во Македонија.

Во Кочани штандовите се поставени во Трговскиот центар и во Стришани кај маркетот Кај Тоше пред Општата болница.  Граѓаните диколку се во можност можат да ги посетат штандовите и да донираат храна, а истата ќе биде наменета за бездомниците и социјално загрозените.

Во Македонија има повеќе од 450.000 граѓани кои не можат да си ги дозволат сите оброци во текот на еден ден.

По тој повод  се организира националната акција “Нахрани 10.000“ каде се собира храна на одбрани локации, поточно пред Маркети пред кои се поставени штандови и  стојат волонтери кои ја собираат храната од граѓаните кои донираат.  Се препорачува сите хумани граѓани да донираат храна, која не е лесно расиплива како: ориз, грав, сол, шеќер, брашно, тестенини, грашок, конзервирана риба, супа, бисквити, кечап, леќа, конзервирано овошје и зеленчук.

© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе