Радио Кочани
Кочани

Кочани – Љубителите на класичните автомобили имаа можност да уживаат во ретро возила кои го одбележаа минатото…

1,909

Денес во Кочани се одржа собир на олдтајмери, каде што љубителите на класичните автомобили  имаа можност да уживаат во ретро возила кои го одбележаа минатото.

Настанот започна со дефиле низ кочанските улици, а потоа автомобилите  беа паркирани пред платото на трговскиот центар.

Љубителите на овие возила уживаа во глетка која не врати во времето на безвременската елеганција и стил.

Настанот имаше за цел да прикаже дел од историјата на авто мото индустријата, како и да се потсетиме на времињата кога возењето беше уметност, каде секој автомобил раскажува своја приказна, од блескавите ретро линии до автентичните звуци на моторите што ги обликуваа минатите децении, исто така и не потсетија на едно време кога никој нè  го интересираше, кој од каде е и од која националност припаѓа.

 

© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе