Радио Кочани
Кочани

Првачињата од Кочани и Оризари примени во Детската организација – во Паркот на Револуцијата ја дадоа свечената заклетва

701

По повод Детската недела што традиционално се одржува во првата седмица од октомври, во Паркот на Ревулуцијата првоодделенците од сите основни училишта од Кочани и Оризари, ја дадао свечената заклетва за прием во Детската организација. Во рамки на свеченоста се одржа и музичко-ритмичка програма во која настапија ученици од повисоките одделенија.

На настанот присуствуваше и градоначалникот Љупчо Папазов, кој истакна дека на најмладите им е потребна поддршка за во иднина да израснат во успешни личности.

Во рамки на Детската недела, учениците во прво одделение во текот на оваа работна недела беа едуцирани за своите права и обврски.

© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе