Радио Кочани
Кочани

Крадците повторно во акција…

2,143

Несовесноста на поедини граѓани зема се поголем замав околу Спомен домот „АСНОМ“. Типичен пример за тоа се отворените шахти и сливници кои се украдени од „непознати“ сторители и потоа завршуваат како старо железо во некој откупен пункт. Меѓутоа, од отпадите тврдат дека не откупуваат капаци од шахти или решетки за сливници, бидејќи се работи за општествен имот. За настанатата ситуација Радио Кочани информираше повеќе пати и покрај тоа што надлежните општински служби реагираа и поставија нови капаци, по некое време ситуацијата се повтори. Било кој може сериозно да настрада и да добие некаква скршеница при движење околу оваа локација, какао и да го оштети автомобилот. Вакви посериозни случаи имало, а граѓаните, иако оштетени, не знаеле кого да обвинат. Телесни повреди може да се случат, но фатално ќе биде ако некој заврши со смртни последици особено во ваква шахта на која дури и дното не и се гледа. Повторно апелираме до надлежните да ги покријат отворените шахти и сливници додека некој посериозно не настрадал. Секако, потребно е трајно решение!

https://www.facebook.com/radiokochani/videos/547920884377057

© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе