Радио Кочани
Кочани

ТППЕ – Кочани: Апел за навремено чистење на оџаците – во спротивно казните изнесуваат од 500 до 2.500 евра

439

ТППЕ – Кочани упатува апел до граѓаните од општините Кочани, Зрновци и Чешиново-Облешево за поголемо внимание и превентивни активности за заштита од пожари во текот на грејната сезона. Надлежните повикаа, граѓаните навреме да ги исчистат оџаците и димоводните канали, за да не дојде до пожар.

Минатата година,во текот на грејната сезона во периодот од ноември до април, во кочанскиот  регион беа регистрирани 60 пожари предизвикани токму од неисчистени оџаци. Редовното чистење оџаци го спречува нивното палење. Никогаш не е доцна, се разбира за тие што не го направиле.

Овој апел за чистење на оџаците е од причина што речиси секојдневно во грејната сезона има барем по едно известување за гаснење пожар на запален оџак. Навидум тие пожари не се опасни, но не ретко од нив се палат и објекти и куќи поради што апелираме до граѓаните поволните денови да ги искористат за чистење на оџаците што преставува и нивна законска обврска, неопходна е проверка и на електричната инсталација затоа што во изминатиов период се забележани случаи на пожари предизвикани од заборавени вклучени полначи за телефон како и полначи на батерии за технички апарати, истакна Драган Апостолов, командир на ТППЕ – Кочани.

Од Дирекцијата за заштита и спасување посочија дека казните за неисчистени оџаци и димоводни канали изнесуваат од 500 евра за физички и до 2.500 евра за правни лица.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе