Радио Кочани
Кочани

Промена на тарифникот за паркинг услуги во Кочани

694

Согласно одлуката на Советот на Општина Кочани, КЈП „Водовод” изврши промена на тарифникот за паркинг услуги на територија на општината со воведување на нови категории на возила и начинот на плаќање преку смс услугата и со фискален апарат.

За време на летниот период, паркингот се плаќаше во периодот од 9 часот наутро до 12 часот на полноќ.

Во текот на зимскиот период, наплатата ќе се врши од 9 до 22 часот навечер. При тоа управувачите на моторните возила кои ќе го паркираат возилото  на паркинг просторот, каде што се врши наплата за услугата треба да плата 20 денари од час, додека возачите на товарни возила треба да издвојат 100 денари за час. Недела и празници, парикрањето е бесплатно.

Возачите кои нема да платат за паркинг,  ќе им биде поставен блокатор, а за отстранување на истиот ќе треба да плата 700 денари.

© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе