Радио Кочани
Кочани

Обука за професионален развој за предучилишно инклузивно образование

157

Стручните служби и воспитувачите од предучилишните установи од регионот го завршија првиот циклус од обуката за стекнување знаења и компетенции за предучилишно инклузивно образование.

Во организација на Проектната единица при Министерството за социјална политика, демографија и млади,  присутните имаа можност да ги следат предавањата и искуствата од хрватскиот експерт Дарко Кобетиќ на тема „Инклузија и средина за учење“.

Обуката ја следеа кадри од градинките во Берово, Пехчево, Делчево, Македонска Каменица, Виница, Кочани, Зрновци и Чешиново-Облешево.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе