Радио Кочани
Кочани

Традиционалниот кочански панaѓур ќе се одржи од 17 до 20 октомври

2,135

Традиционалниот кочански панаѓур, годинава ќе се одржи во периодот од 17 до 20 октомври. Фирмата „Дизниленд реквезити“ од Скопје се стекна со правото да го издава просторот на улицата „Скопска“. Компанијата веќе го уплатила авансот кој е во висина од 100 илјади денари, а цената на јавното наддавање изнезуваше 1,7 милиони денари.

Од страна, на КЈП  „Водовод“ како закуподавач на просторот има обврска да ја подготви локацијата за непречено организирање на панѓурот, односно да изврши монтажа на бараки за угостителска дејност, да обезбеди електрична енергија и осветлување за бараките и другите површини на панаѓурот, како и да обезбеди вода и сантирани јазли, и редовно чистење на отпадоците додека трае манифестацијата.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе