Радио Кочани
Кочани

Покрив над глава ќе добијат 35 социјално ранливи семејства oд Кочани

850

Во тек сe огласите за распределба на 35 социјални станови во Кочани со што ќе се обезбеди покрив над глава на социјално ранливи категории  на граѓани од Кочани.

Социјалната зграда во Кочани е трета по ред во овој град и е градена по Програмата за изградба, продажба и одржување на станбениот простор во сопственост на Република Македонија, а согласно рамковниот договор за заем склучен меѓу нашата држава и Банката за развој при Советот на Европа.

Деца без родители или родителска грижа со наполнети 18 години и претходно биле згрижени во домови или во родителски семејства, деца без родители, како и корисници на правото на гарантирана минимална помош, лица погодени од елементарни односно природни непогоди, лица со попреченост и семејства со лица со попреченост, потоа лица припадници на ромската заедница кои се социјално загрозени, како и самохрани родители со малолетни деца можат да конкурираат за добивање на социјален стан под закуп во овие две згради.

Потребната документација која лицата ја поднесуваат до ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа во Кочани треба да биде доставена заклучно со 28.10.2024 година.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе