Радио Кочани
Кочани

Зрновци – Се гради тротоар на „Илинденска“

66
Со реализација на проектот “Изградба на тротоар на улица Илинденска” со кој што значително ја зголемивме безбедноста на пешаците, уредивме административниот влез на општина Зрновци, создадовме услови за значително проширување на самата улица на критичните места, поготово на делот кон село Мородвис.

Во соработка со Јавно претпријатие за државни патишта ЈПДП на Република Македонија и Македонија пат, започнавме со припремни работи, сечење на постоечка асвалтна ивица на целата должина од околу 1600 метри, по што ќе следи комплетно асвалтирање на новата проширена површина од самата улица.
Изразувам огромна благодарност до ЈПДП за разбирањето и итноста за комплетно реализирање на проектот.
Општина Зрновци се сака со проекти и дела, моите сограѓани заслужуваат урбано уредена, безбедна, општина со здрава животна средина.
Фејсбук објава на градоначалникот на Општина Зрновци, Борчо Коцев.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе