Радио Кочани
Кочани

Се запали возило во движење, за среќа нема повредени

1,547

Денеска (24.09.2024) во 05.35 часот во Полициската станица Виница било пријавено дека на ул.„Никола Карев“ во Виница настанал пожар во патничко возило „сеат ибица“ со винички регистарски ознаки, во движење, управувано од шеесетгодишник од село Лаки, виничко.

Екипа од Територијалната противпожарна единица Виница го изгаснала пожарот, а повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Виница.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе