Радио Кочани
Кочани

КК „Кочани“ – Жетва на медали на „Тетово Опен 2024“

135

Започна жетвата на медали пред жетвата на оризот! Новата сала дава одлични резултати, велат од Карате клубот „Кочани“.

На вчерашниот меѓународен турнир „Тетово Опен 2024“ нашиот клуб настапи со 8 натпреварувачи од кои некои во две категории.

– Алексеј Ристов 2016 -30кг. 1 место – Алексеј Ристов 2015 -30кг. 1 место

-Катерина Стојановска 2013 +44 2 место

– Илина Костадинова 2013 -44кг. 2 место

– Илина Костадинова 2012 -45кг. 2 место

– Душанка Ристова 2012 -40кг. 2 место

– Душанка Ристова 2012 -45кг. 3 место

– Томислав Ристов 2012 -37кг. 3 место

– Томислав Ристов 2012 -42кг. 3 место

– Наталија Карова сениори -50кг. 1 место

– Илија Охомуш сениори -75кг. 2 место

– Лука Златков 2012 -52кг. изгуби со дисквалификација и го освои 5 место

На турнирот настапија 41 клуб од Македонија, Косово, Албанија, Црна Гора, Босна и Бугарија, со вкупно 342 натпреварувачи. Напомена на овој натпревар за секое освоено прво место следуваше и плакета, рече Игор Каров, тренер на КК „Кочани“.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе