Радио Кочани
Кочани

Голема прослава по повод денот на Општина Чешиново – Облешево 21ви септември во паркот во Облешево…

944

По повод празникот Мала Богородица и 20 години од формирањето на локалната самуправа на Чешиново-Облешево, вo сабота, на 21 септември, се организира концерт кој ке биде одржан во Паркот во Облешево.

Настанот ќе започне во 19:30 часот каде пред присутните ќе настапат фолклорниот ансмбл „ Китка“ од Истибања, веднаш по нив Роберт и Панки, а главна ѕвезда на вечерта ќе биде гостинот од Србија, Исак Шабановиќ.

Прославата се организира по пауза од четири години поради ковид пандемијата, како и лошата финансиска состојба на општината.

Организацискиот одбор ги поканува сите граѓани кои се во можност да да присуствуваат и да бидат дел од забавата.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе