Радио Кочани
Кочани

Во тек се геомеханички истражувања за изградба на мост на Кочанска Река што ќе ги спојува улиците „Лазар Андонов“ и „Вера Которка“

1,707

Започнаа геомеханичките испитувања на теренот каде што е планирана изградба на мост на Кочанска Река што ќе ги спојува улиците „Лазар Андонов“ и „Вера Которка“,  истражувања коишто ќе ја определат носивоста на почвата во долните слоеви.

Според проектната програма за изработка на проектна документација, мостот треба да биде долг 30-ина метри и да биде на колови на поголема длабочина.

Изградбата на овој мост е со цел да се намали сообраќајот на улиците „Стево Теодосиевски“, „Глигор Апостолов“ и „Никола Карев“, чии профили не ги обезбедуваат потребната пропусна моќ, ниво на услуга, економичност и безбедност во сообраќајот.

Се очекува изградбата на мостот да овозможи олеснување на сообраќајот по овие улици и негово побрзо и побезбедно одвивање.

© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio