Радио Кочани
Кочани

Известување од КЈП „Водовод” Кочани

873
КЈП “Водовод” Кочани ја известува јавноста дека поради настанат дефект на главна водоводна линија кон висока зона во моментот е прекинато водоснабдувањето кон крајните корисници на ул.”Питу Гули”, дел од ул.”Страшо Ербапче”, ул.”Охридска”, ул.”Пиринска”, ул.”Кирил и Методиј”, ул.”Христијан Карпош”, ул.”Васил Главинов”. Исто така водоснабдувањето ќе биде прекинато кон населбите 14 Бригада, Бејрут и с. Бели Се работи за посериозен дефект на водоводна линија од која истекува 100 l/s, што предизвика поплавување на просторот околу дефектот во коритото на Кочанска река под мостот. Сите екипи на Сектор водовод и канализација со градежна механизација денес се на терен и работат на целосна дефектажа и брзо отклонување на проблемот. Санацијата на дефектот е предвидена до попладневните часови во текот на денешниот ден, а до тогаш крајните корисници на западен дел висока зона ќе останат исклучени од водоснабдувањето.
🔴 КЈП “Водовод” Кочани упатува извинување до граѓаните за потешкотиите со кои ќе се соочат поради исклучувањето од водоводната мрежа поради настанатиот дефект и им благодари на разбирањето.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе