Радио Кочани
Кочани

Традиционалното меѓународно “Мото рели независност 2024” на 7ми септември во Кочани…

276

Од  (сабота) 7ми септември  до понеделник  Мотоциклистичката Федерација на Македонија ќе го одржи  традиционалното меѓународно „Мото рели независност 2024″.

На истото ќе земат учество околу 400-500 мотоциклисти од земјава и странство.

Мото клубот ЖЕЛКИ од Кочани во соработка со Општина Кочани, по петти пат ќе ја организираат првата попатна пауза, која ќе се одржи во нашиот град.

Возачите ќе пристигнат во Кочани  во Сабота околу 12  часот, овојпат местото на собирот ќе биде кај ресторан AQUA.

Мото-релито „Македонија независност“  е единствен спортски настан кој се одржува во континуитет точно 33 години.

Низ годините се реализира низ различни форми во зависност од околностите, а неговата примарна цел е промоција на моторциклизмот како спорт.

Д.Михајлов

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе