Радио Кочани
Кочани

Пред стартот на новата учебна година ,,Амфенол” ги израдува децата на своите вработени…

3,430
Во согласност со својата континуирана грижа за вработените и нивните
семејства, компанијата ,,Амфенол” пред стартот на учебната година подели
ваучери за сите свои вработени кои имаат деца во основно образование.
Беа доделени 830 ваучери за училишен прибор, што предизвика голема
радост кај децата и родителите.
Во локалните продажни центри ,,Офис Експрес” ,, Рики Јуниор” и ,,Уни Конзум”
деновиве редици вработени во АТМ заедно со своите деца, со ваучерите
купуваа школски прибор и сé што е потребно за успешен почеток на учебната
година.
На овој начин компанијата која има над 3.100 вработени уште еднаш потврди
дека се грижи за вработените и нивните семејства, но и го разбира значењето
на образованието. Не само што им се помага на вработените кога е
најпотребно, туку и се придонесува во развојот на идните генерации и
јакнење на заедницата како целина.
Со оглед на тоа што ,,Амфенол” e едно огромно семејство, помагањето и
грижата за сите негови лојални членови и во иднина останува еден од
најголемите приоритети. Со тоа се потврдува општествената одговорност на
компанијата и се дава пример и за другите фирми и компании дека во
бизнисот ефикасно се функционира кога вработените но и нивните семејства
се на прво место.
Срeќен и успешен почеток на учебната 2024/25 од ,,Амфенол” посакуваат за
сите ученици кои се веќе на патот на градење на својата иднина. Нека нашите
деца ги следат само убави предизвици, а ,,Амфенол” е тука да помогне но и
да обезбеди вработување и кариера за сите млади и амбициозни луѓе, кои во
компанијата веќе ги има во огромен број
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе