Радио Кочани
Кочани

ЗГ „Никола Мантов“ – „Јубилејно“ шалче за Радио Кочани

201

Радио Кочани и „Никола Мантов“ имаат добра комуникација и супер соработка од самиот почеток на ова Здружение на граѓани, чија крајна цел е афирмација на ФК „Осогово“.

Нашево Радио, едноставно,  ги препозна искрените намери на Никола и неговите пријатели на било каков начин да му се помогне на „жолтосиното“ милениче на спортско Кочани.

Повремено со нив се дружиме, соработуваме – секојдневно!

ЗГ „Никола Мантов“ викендов направи коректен гест, за добрата соработка го „награди“ Радио Кочани со шалче изработено по повод убавиот јубилеј – 100 години на ФК „Осогово“, односно 100 години фудбал во Кочани.

Благодарност до ЗГ „Никола Мантов“. Продолжуваме со соработката…

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе