Радио Кочани
Кочани

Два хеликптера го гаснат огнот кај Пехчево

156

Од утринава во гаснењето на пожарот кај Пехчево се вклучени два полициски хеликоптера. Состојбата е алармантна бидејќи на Буковик каде што гори, има силен ветер.

Во гасењето се вклучени повеќе од сто лица, професионални пожарникари, доброволци, вработени во Македонски шуми, жители на Пехчево и соседните села.

Информациите од теренот велат дека вчера попладне доброволците во џипот што изгоре ги спасила нивната смиреност и снаодливост.

Во возилото биле четири лица и тие, практично, биле првите што отишле на Буковик откако било забележано дека повторно гори над Пехчево. На црниот шумски пат  огнот брзо ги опкружил, по што тие го напуштиле возилото и се оддалечиле од него. За кратко дошло до експлозија и делови од џипот и противпожарна опрема летале и по дваесетина метри. Четворицата останале неповредени.

Денеска е поставен базен со вода на фудбалското игралиште во Пехчево наменет за хеликоптерите.

Борбата со огнената стихија продолжува.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе