Радио Кочани
Кочани

Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов го честита големиот македонски празник Илинден

155

Со посебен пиетет се навраќаме кон херојството на востаниците што ја создадоа Крушевската Република и на втемелувачите на слободната македонска држава од Првото заседание на АСНОМ.

Славејќи го Илинден – најголемиот македонски празник, годинава одбележуваме 121 година од славното Илинденско востание и 80 години од Првото Антифашистичко собрание на народното ослободување на Македонија.

Возвишените илинденски чувства ги чуваат вековните стремежи на Македонија за слободен народ во своја држава и идеалите на илинденците за воспоставување поправедно општество.

Илинден нека остане наша водилка кон просперитетна, успешна и напредна Македонија.

Нека ни е честит Денот на Републиката и нека ни е вечна Македонија!

© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе