Радио Кочани
Кочани

Во сообраќајка кај клучката за с.Спанчево загина 21-годишно момче…

15,448

Вчера во 09.50 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на експресниот пат Кочани-Три чешми, на клучката за с.Спанчево, патничко возило „фиат стило“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Г.К.(21) од Велес, излетало од коловозот.

Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот, а од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе