Радио Кочани
Кочани

Кочани – Малолетник силувал малолетничка од Скопје

2,105

Малолетник од Кочани силувал малолетничка од Скопје со која живеел во вонбрачна заедница.

Според МВР, на 19.07.2024, постапувајќи по претходна пријава дека малолетник од Кочани живеел во вонбрачна заедница со малолетничка од Скопје и дека извршил обљуба врз неа, полициски службеници од Полициската станица Кочани презеле мерки и во неговиот дом малолетникот бил затекнат со малолетничката, информираат од МВР.

Во присуство на претставник од Центарот за социјални работи Кочани, со малолетничката бил извршен службен разговор и бил направен преглед во здравствена установа. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе