Радио Кочани
Кочани

Крводарителска акција во ОВР – Кочани

131
Општинска организација на Црвен Крст Кочани во соработка со Одделението за внатрешни работи – Кочани денеска ја спроведе планираната редовна крводарителска акција за вработените во кочанската полиција.
На акцијата крв даруваа 13 крводарители.
Акцијата се реализираше со поддршка на екипа од Службата за трансфузиона медицина – Кочани.

Црвен крст Кочани во соработка со ОВР – Кочани во текот на годината спроведува три редовни крводарителски акции во просториите на полициската станица во месеците март, јули и ноември.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе