Радио Кочани
Кочани

Со спектакуларен концерт на „Нокаут”, Кочани го прослави Петровден

676

Една од концертно најактивните групи во Македонија, која речиси две децении успешно реди хитови што се веќе евергрини и значаен дел од македонската антологија, „Нокаут“ вчеравечер по повод Петровден празникот на градот одржа одличен, позитивен концерт кај  „Споменикот на Слободата“ во Кочани.

Како што беше најавено, публиката навистина беше специјален гостин на вечерта бидејќи во еден глас ги пееше сите сите добро познати рефрени на групата.

Од постарите хитови што го одбележаа почетокот на нивната кариера  па сè до последните хитови од изминативе неколку години, „Нокаут“ уште еднаш докажаа зошто се еден од омилените бендови на македонската публика.

Д.Михајлов

 

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе