Радио Кочани
Кочани

Локалниот совет за превенција држа седница за заштита од пожари на подрачјето на општина Кочани и преземање посебни мерки и активности за заштита на Градската депонија во Кочани

1,176

Денеска во малата сала за сотаноци на Општина Кочани се одржа седница на Локалниот Совет за превенција. На седницата се дискутираше за Заштита од пожари на подрачјето на општина Кочани и преземање посебни мерки и активности за заштита на Градската депонија во Кочани.

Локалниот Совет за превенција е една од најпрепознатливите алатки, за развивање и градење на концептот Полициско работење во заедницата, особено во локалната самоуправа. Локалниот Совет за превенција, значително помага за градење доверба и за подобрување на партнерството помеѓу институциите, локалната самоуправа и граѓаните.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе