Радио Кочани
Кочани

Потпишан договорот за изведба на новопроектирана улица на Пониква

311

Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов го потпиша договорот за изведба на новопроектирана улица со должина од 340 м, во СРЦ „Пониква“. Потпишувањето на договорот е по спроведена јавна набавка од Центарот за развој на Источниот Плански Регион, а за изведувач е избран „Дикор ЦД“ од Струмица.

Реализацијата е со средства за  планските региони обезбедени од Буџетот на Република Северна Македонија, Центарот за развој на Источниот Плански Регион и од Буџетот на Општина Кочани – со одлука на Советот на Општина Кочани за кофинансирање на проектот „Уредување на СРЦ Пониква“.

Крајниот рок за изведба на новопроектираната улица на Пониква е 30 ноември 2024 година.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе