Радио Кочани
Кочани

(видео) Зрновци – ФК „Светлост“ шампион на Општинската фудбалска лига

517
Фудбалската екипа „Светлост“ од Зрновци е нов член на Третата лига Исток. Овој успех зрновјани го постигнаа отако на финалниот натпрвар ја совладаа екипата на „Младост Тошев“ од Оризари со резултат од 6 : 1 и станаа шампиони на Општинската фудбалска лига на Кочани за сезоната 2023/ 2024.

Александар Андов, претседател на ОФС Кочани, им го предаде шампионскиот пехар на фудбалерите на „Светлост“ за освоеното прво место во ОФЛ.
Од ФК „Светлост“ најавуваат неколку засилувања за следната сезона свесни за повисокиот квалитет на натпреварите во третолигашката конкуренција .
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе